Анџела Басет не ракоплеска на „Оскарот“ за Џејми Ли Кертис
Џејми Ли Кертис предизвика гласни овации од публиката во театарот „Долби“ кога го освои својот прв „Оскар“ – и сите беа воодушевени, освен Анџела Басет. На синоќешното доделување на наградите во Лос Анџелес публиката почна гласно да аплаудира кога Џејми беше прогласена за победник во категоријата најдобра актерка во споредна улога за филмот Сè секаде одеднаш“. Сите, освен Анџела Басет и нејзиниот сопруг. Анџела не ни стана кога Џејми излезе на сцената, а нејзината постапка налути многумина. Таа беше номинирани во истата категорија за својата улога во „Црн пантер: Ваканда засекогаш“. Кога беше објавено дека Кертис победи, Басет се чинеше најмалку воодушевена – и, како што се гледа во телевизиската емисија на Еј-би-си, дури и не стана да ракоплеска додека седи во првиот ред. На социјалните мрежи се прошири реакцијата на Анџела откога нејзината колешка Џејми ја доби статуетката за најдобра споредна женска улога, категорија во која беше номинирана и Анџела. Некои корисници на „Твитер“ беа разочарани кога ја видоа ѕвездата на „Црниот пантер“ како седи среде аплаузите за Кертис. „Реакцијата на Анџела Басет ме боли“, твитна еден корисник. „Без разлика кој го добил тој ‘Оскар’… Анџела Басет можеше да ракоплеска за победникот. Само да седите таму и да не ракоплескате затоа што не сте победиле…“ „Жал ми е, но Џејми Ли Кертис го заслужи ова“, „Анџела беше толку груба. Џејми е на сцената од 70-тите. Мислам дека е време да добие ‘Оскар’“, „Сите сакаат да победат, но тоа не се остварува секогаш. Лутината му штети на изгледот“, „Анџела Басет не реагира ни кога ја прочитаа Џејми“, „Па што не е во ред со неа? Можеби тоа беше разочарување, а можеби беше шок“, се дел од коментарите на социјалните мрежи. Малкумина сметаат дека Басет реагирала сосема нормално. „Нека покаже емоции. Сигурен сум дека секој човек би ја имал истата реакција кога ќе пропушти награда или која било друга можност во животот“, е еден од коментарите на „Твитер“. Инаку, покрај Џејми и Анџела, во категоријата најдобра споредна женска улога беа номинирани и Стефани Хсу, Кери Кондон и Хонг Чау.
Comments