Анчелоти со изјава за бизарниот проблем: Полагав тренерски курс пред три месеци!
Карло Анчелоти повеќе од три децении е во тренерските води и има водено повеќе од 1200 натпревари во професионалната кариера, но во изминативе неколку дена стана топ тема поради една бизарна ситуација и неверојатна вест која се појави во јавноста.
Според правилата на УЕФА, Анчелоти нема да право да води натпревари во Европа во овој момент, бидејќи тренерската лиценца на Италијанецот истекла на 31-ви декември 2021-ва година, а засега во евиденцијата не постои запис дека истата е обновена.
Човекот кој освои 21 титула во својата досегашна тренерска кариера се соочи со нескојдневен бирократски проблем, па сега реши самиот да излезе со изјава за италијанските медиуми и да посочи дека станува збор за недоразбирање кое верува дека набрзо ќе се реши.
Анчелоти призна дека неговата лиценца навистина истекла, но тврди дека тој полагал тренерски курс во Шпанија и ја обновил за да ги следи правилата на УЕФА.
– Јас сум човек кој се обидува да го следи правото и правилата во секој поглед. Иако некогаш не ми успева во тоа, сметам дека станува збор за големо недоразбирање. Лиценцата ми беше пред истек, но шпанската тренерска асоцијација ми дозволи да имам тренерски курс во октомври и сигурно станува збор за лоша комуникација меѓу ова тело и УЕФА. Јас го положив курсот и имам право да водам тим, – вели Анчелоти за „Кориере дело Спорт“.
Comments