top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Анчелоти: Пред нас е борба од 180 минути, знаеме што да очекуваме од Ливерпул

Ливерпул е домаќин на првиот меч против Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Премиерлигашот не игра најдобро во оваа сезона, но постепено како да се консолидира и тоа дефинитивно ќе сака да го покаже против актуелниот европски шампион, тимот кој ги совлада во финалето во претходната кампања. Шпанскиот прволигаш го цени противникот, но во исто време се свесни за својот квалитет, но и за фактот дека овој двобој нема да биде решен на „Енфилд Роуд“, односно дека битката ќе трае најмалку 180 минути.

-Повторно сме тука, се чувствуваме добро и полни сме со надеж. Ние сме подготвени, навистина, како минатата година. Знаеме дека ќе биде тешко, не само овде, мора да играме добро и во реваншот. Имаме убави спомени од минатогодишното финале. Беше изедначен натпревар. Јас би се согласил со Клоп, тие можеби имаа повеќе посед, но ние бевме поцврсти во дефанзивата. И ако си цврст против Ливерпул, можеш да го добиеш она што го посакуваш. Сепак, ова сега е малку поразлично. Не е само еден натпревар. Мора да се подготвите за борба која ќе трае 180 минути.

-Квалитетот на Ливерпул не е променет. Очекуваме интензивен натпревар, знаеме дека ќе бидеме под голем притисок и дека нема да има време здив да фатиме. Ние многу добро знаеме што да очекуваме и сме подготвени. Би сакал Ливерпул да се грижи за нас, а не ние за нив, -порача тренерот на Реал, Карло Анчелоти.

Средбата се игра утре од 21 часот на „Енфилд Роуд“.


0 views

Comments


bottom of page