Анчелоти откри какви се шансите Модриќ да си замине во јануари
Карло Анчелоти направи резерва од Лука Модриќ и Хрватот мора да се задоволи со минутажа на која не е навикнат, па иако незадоволството кај Хрватот јасно се гледа од фацијалните експресии и гестикулации, Италијанецот денеска се обиде да ја смири драмата. Тренерот на Реал Мадрид говореше за блиската иднина на хрватскиот фудбалски маестро, откако шпанските медиуми почнаа сериозно да шпекулираат дека тој не ја прифаќа улогата на резерва и дека ќе си оди веќе во јануари. – Разговарам секој ден со Модриќ и не размислува за заминување. Лука нема да си оди во јануари и тоа е она што ми го пренесува, – изјави Анчелоти во најавата за мечот со Осасуна. – Јасно е дека Модриќ не е задоволен поради тоа што не игра, тој беше навикнат постојано да биде дел од стартниот тим. Но, тој му помага на тимот и на друг начин. – Влијанието кое го има врз соблекувалната не може да го надополни никој друг, тој има харизма која ја нема никој друг. За сите соиграчи тој е клучен и сите се тажни кога тој не игра на теренот. Сите го сакаме многу и сите се навикнуваме на новата ситуација, – потенцира Карло.
Comments