Анчелоти: Овој Бразил има потенцијал за највисоки дострели на Мундијалот!
- Aleksandar Santovski
- Nov 18
- 1 min read
18.11.2025 Noemvri Vtornik
Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Карло Анчелоти, изјави дека неговата екипа има огромен потенцијал и ја гледа како еден од фаворитите за титулата на Светското првенство.
Оваа изјава наиде на различни реакции во јавноста, која не е баш убедена во ова мислење на Италијанецот, особено поради променливите резултати во изминатиот период. „Мислам дека го имаме сето она што е потребно за да одиме далеку на Мундијалот. Бразил е секогаш во топ-фаворитите за титулата, а така ќе биде и овој пат.Имаме огромен потенцијал во овие играчи, се надевам дека до првенството ќе ја достигнеме најдобрата можна форма. Целата држава ќе биде позади нас, тоа е огромна одговорност“, изјави трофејниот стратег.
Иако се чини дека Бразил малку го загуби квалитетот во последните години, сепак, „кариоките“ се најтрофејна нација на Светските првенства. Следниот планетарен собир се одржува следното лето во САД, Канада и Мексико.






Comments