Анчелоти обелодени дека има јасен план за голманската позиција по ангажманот на Кепа
- Aleksandar Santovski
- Aug 18, 2023
- 1 min read
Реал Мадрид новата натпреварувачка сезона во Ла Лига ја стартува со три гостувања, па откако триумфално мина низ Билбао на отворањето на кампањата, „кралевите“ утре ќе и гостуваат на Алмерија.
Очекувањата се Карло Анчелоти да го извади речиси истиот тим кој мина навистина добро на натпреварот против Атлетик, а иако се најавуваше можна промена на голманската позиција, Италијанецот откри дека сепак нема да дојде до тоа.
Анчелоти на денешниот пред нагласи дека има јасен план со голманите и дека еден од нив ќе има предност како прв чувар на мрежата, но се уште нема донесено конечна одлука кој ќе биде тоа.
– Кепа е со нас неколку дена и полека се адаптира на новата средина. Задоволни сме од неговата форма, но утре ќе продолжиме со Лунин на голот.
– Кепа има брането на највисоко ниво, додека на Лунин му недостасува искуство. Едно е јасно, нема да правиме ротации на секој натпревар на голманската позиција. И двајцата се многу добри, но еден од нив ќе има предност и ќе има поголема минутажа, – порача Анчелоти, кој истакна дека Реал нема да купува нов стопер како замена за Милитао.
– Добро сме покриени на тие позиции. Марвел тренира со нас и има уште неколку играчи кои можат да бидат промовирани од младинската школа. Нема да купуваме нов фудбалер за таа позиција, – потврди Карло.

Kommentare