top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Анчелоти најави една важна промена за новата во споредба со минатата сезона

Карло Анчелоти вчера му даде континуитет на истиот тим кој ја освои титулата во Лигата на шампионите, односно Реал Мадрид во Хелсинки истрча со истите 11 фудбалери кои играа и против Ливерпул во Париз. Според Дон Карло, тоа е награда за освоениот европски трофеј кој одново ги однесе „кралевите“ на врвот на стариот континент, но таквиот став важи всушност само за вчерашниот натпревар. Искусниот Италијанец направи пет промени во второто полувреме против Ајнтрахт и им даде шанса на новите засилувања Чуамени и Ридигер, како и на Родриго, Камавинга и Себалјос. Анчелоти не ротираше многу изминатата сезона во која освои две големи титули како Лига на шампионите и Ла Лига, но уште отсега најави дека во новата ќе прави многу повеќе ротации, поради ширината на составот, но и поради Светското првенство кое ќе се игра на средина на сезоната. – Играчите кои не играа против Ајнтрахт, ќе играат на следниот меч, веќе претстојнава недела против Алмерија на првиот меч во Ла Лига. Ќе го освежам тимот за тој меч. Оваа година ќе ротираме доста повеќе од минатата, – најави Анчелоти по новиот освоен трофеј, четврти во 2022-ра година по оние во шпанскиот Суперкуп, Ла Лига и Лигата на шампионите.


2 views

Comments


bottom of page