top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Анчелоти: Клучни беа два фактора, сите три пресврти во ЛШ ги направивме поради една причина

Карло Анчелоти даде интервју за официјалната страна на УЕФА и направи прва најава за Суперкуп финалето во Европа против Ајнтрахт Франкфурт, натпревар кој ќе се одигра во Хелсинки на 10-ти август. Пред натпреварот со Германците, сеќавањата се уште се многу свежи од она што Реал го направи во Лигата на шампионите минатата сезона, кога тимот на кој никој не му даваше шанса успеа да мине три големи ривали до финалето, а потоа го победи и Ливерпул во завршниот чин во Париз. Анчелоти беше тренер на Реал и кога тимот ја освои Ла Десима, но вели дека овој последниот трофеј е поинаков поради тоа што „кралевите“ се сметаа за аутсајдери во сите четири нокаут рунди. – Сеќавањата од титулата во ЛШ и од трите пресврти се уште се многу свежи. Сите три пресврти ги направивме поради една причина, поради хемијата која владее меѓу навивачите на стадионот и играчите. Сите пресврти ги направивме на нашиот стадион, ги направивме благодарение на поттурнувањето кое го добивме од нашите навивачи. Неминовно беше да страдаме, но успеавме да направиме нешто големо. – Кога ја освоивме Ла Десима во 2014-та година, многумина го очекуваа тоа бидејќи бевме силни, а во тимот го добивме и Герет Бејл. Тогаш бевме фаворити уште од стартот, но изминатата сезона воопшто не бевме фаворити, но и покрај тоа успеавме да ја освоиме поради спотеноста и квалитетот на тимот. Клучни фактори беа понизноста и искуството на ветераните во тимот, сето тоа надополнето со енергијата и ентузијазмот на помладите, – порачува Анчелоти.


2 views

Comments


bottom of page