Анчелоти како страствен фан го најави големото италијанско дерби во ЛШ (Видео)
Карло Анчелоти одговараше на новинарските прашања по ремито кое го одиграа Реал Мадрид и Манчестер Сити во Лигата на шампионите, но на „Сантијаго Бернабеу“ имало и италијански претставници, кои го искористиле моментот за да му постават прашање на стручњакот и за второто полуфинале.
Цел фокус на италијанската спортска јавност е насочен кон големата градска пресметка која ќе ја гледаме вечерва меѓу Милан и Интер, а Дон Карло како легенда на „росонерите“ не ги криел своите страсти за овој двомеч.
Италијанската новинарка го запрашал Анчелоти дали има неколку секунди од своето време за натпреварот кој го чекаат сите во Милано, по што тренерот на Реал одговара.
– Да имам, една-две. Форца Милан…….
– Ова ќе биде убаво полуфинале, го паметам она од 2003-та година. Убаво е тоа што во Европа се враќа вакво дерби…. Со цела почит кон Интер, но не можам да не кажам „Форца Милан“. Се надевам дека ќе ги видам во Истанбул, – вели Карло.
Comments