Анчелоти за тајната на успехот на Белингам: Шампионот е шампион поради…
23.07.2024 Juli Vtornik
Џуд Белингам имаше навистина импресивна прва сезона во дресот на Реал Мадрид каде со дабл-дабл учинок од 23 погодоци и 13 асистенции имаше голема улога во освојувањето на пехарите во Ла Лига, Лигата на шампионите и Супер Купот на Шпанија.
Овие изданија го вметнаа Џуд во првиот ред за освојување на најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот „Златната топка“.
Секако има и други кандидати за признанието, но што и да се случи е јасно дека Џуд е фудбалер кој треба да одбележи една генерација во светот на фудбалот, а тоа според Карло Анчелоти пред се се долги на неговата генетика.
-Беше изненадување, но заслугата е во неговата генетика. На само 21 година покажа карактер и голема страст, а во негова корист е и генетиката. Шампионот е шампион поради неговата генетика, тренинзите секако помагаат, но пред се се работи за генетика, -смета Дон Карло.
Белингам од 16 години игра на сениорско ниво, тргна во Бирмингем од каде се пресели во Борусија Дортмунд каде мина три години пред да слета на „Сантијаго Бернабеу“.
Comments