top of page
Search

Анчелоти за играчот на Реал кој забележа драстичен пад во формата: Не е на исто ниво по мундијалот в

Анчелоти за играчот на Реал кој забележа драстичен пад во формата: Не е на исто ниво по мундијалот во КатарРеал Мадрид нема за што да игра до крајот на сезоната и единствено треба професионално да си ја доврши работата во последните две кола, а Карло Анчелоти утре против Севилја нема да може да смета на Бензема, Винисиус, Асенсио и Маријано.

Тоа ќе биде добра шанса за дел од фудбалерите кои поретко добиваат шанса и постои опција да го видиме Еден Азар, како и Орелијан Чуамени кој го загуби своето стартерско место во вториот дел од сезоната.

По прашање на еден шпански новинар, Дон Карло посебно се задржа на францускиот репрезентативец кој одигра извонредно добро на мундијалот во Катар, а Италијанецот беше искрен и нагласи дека младиот фудбалер не го одржал темпото од првиот дел од сезоната и затоа западнал во втор план во продолжение.

– Во првиот дел од сезоната сите останавме изненадени од нивото кое го презентираше Чуамени. Тој го пополни местото на легендарен играч како Касемиро и навистина добро го направи тоа.

– По крајот на Светското првенство, вистината е дека не играше на истото ниво, но не е вистина дека стана трета опција во средниот ред. Станува збор за млад фудбалер, се уште треба да се адаптира на нашиот стил и ќе биде многу важен во иднина. За млад играч како него, нормално е да забележи пад во првата сезона, – изјави Анчелоти.



0 views
bottom of page