top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Анчелоти: Еден тим може да победува играјќи лошо само поради две причини

Карло Анчелоти се подготвува за денешниот меч против Шахтјор во Лигата на шампионите, но дел од мислите секако му се насочени и кон она што следни претстојниот викенд, односно „Ел Класико“ пресметката во Ла Лига.

На пресот пред средбата со Украинците која ќе се игра во Варшава, Анчелоти беше запрашан дали го гледал последниот натпревар на Барселона на кој тимот на Чави изгледаше многу бледо против Селта, и дали воочил слабости кај каталонскиот гигант од кои можат да профитираат неговите брзи фудбалери во нападот.

Италијанецот беше искрен и посочи дека не го гледал мечот на Барса, но затоа ги издвои двете карактеристики кои прават еден тим да победува и кога игра лошо.

– Да бидам искрен, не го гледав мечот на Барселона. Во фудбалот, понекогаш може да победите и на натпревари на кои не давате 100 посто од себе. Мотивацијата и менталниот склоп се многу важни.

– Еден тим може да победи незаслужено и играјќи лоши само ако има карактер и личност. Во модерниот фудбал, се повеќе до израз доаѓа и страдањето. Натпреварите се се поизраменти, заврши времето кога се победуваше во континутет со 3:0 или 4:0. Тимовите се многу организирани во одбрана и тешко се постигнуваат голови. Во овој модерен фудбал, тешко е да остварите висока победа, – изјави Анчелоти.


0 views

Comments


bottom of page