top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Анчелоти доби прашање од Гути, па порача: Последен пат зборувам за ова

Реал Мадрид и во актуелнава сезона бележи добри резултати или поточно засега единствен минус е големата негатива во однос на Барселона во Примера.

Во исто време „кралевите“ се во полуфиналето на Купот на Шпанија и во четвртфиналето на Лигата на шампионите што секако го става шпанскиот великан да е во игра за нови пехари со кои клубот дополнително би ја збогатил колекцијата на трофеи. Меѓутоа во последно време многу се говори за иднината на тренерот Карло Анчелоти и можноста тој да си замине со тоа што Бразил се споменува како негова следна дестинација.

Италијанецот во повеќе наврати јасно посочи која е неговата намера и се чини и тој веќе е уморен од истите овие прашања, па запрашан од Гути дали ќе остане во Мадрид и наредната кампања порача:

-Гледаш, јас сум загрижен за мојата иднина. Го сакам Реал колку и ти. Тимот и играчите ми даваат сигурност. Љубовта која клубот ми ја дава. Можеме да се бориме за се до крајот на оваа година, а јас веќе испрати поради замојата иднина, така што за следните два месеци никогаш повеќе нема да зборувам за мојата иднина. Имаме прес -конференција на секои три дена. Зборувањето за иднината на секои три дена ме прави уморен.

-Не можам да знам денес што ќе правам во иднина. Последен пат го велам ова: мојот договор завршува во 2024 година и планот е да се исполни договорот. Ако Реал Мадрид е задоволен од мене после тоа … тогаш немам проблем да останам до 2034 година, -истакна Италијанецот.


1 view

Comments


bottom of page