top of page

Анчелоти го лоцираше главниот проблем на Реал Мадрид

Реал Мадрид не успеа да го победи Бетис и веќе е на минус девет зад Барселона, ситуација која го запали „црвеното светло“ во редовите на актуелниот шампион.

Карло Анчелоти не успеа да најде солуција за пробивање на одбраната на составот од Севилја, а овојпат не му помогна ниту младиот Алваро Родригез.

Италијанскиот стручњак смета дека главен проблем на Реал се погрешните решенија на играчите во клучните моменти.

– Факт е дека во моментов не ги избираме вистинските солуции.

– Понекогаш дрибламе кога не треба да се прави тоа, играме еден-два кога не треба, или додаваме кога треба да се шутира.

– Тоа ни се случува на последните три натпревари и се претвори во колективен проблем кој мора да го решиме, – истакнал Анчелоти.

Следен противник на Реал во Ла Лига е Еспањол на 11. март.


 
 
 

Comentários


bottom of page