Search
Антонио Бандерас се придружува на екипата на „Индијана Џонс 5“
- Aleksandar Santovski
- Jul 16, 2021
- 1 min read
Антонио Бандерас се приклучува на ѕвездената екипа на петтото продолжение на култниот серијал Индијана Џонс. Веста беше објавена во четвртокот, но без детали за ликот кој ќе го глуми 60-годишниот шпански актер, објави „Вараети“. Продукцијата на многу очекуваниот проект веќе е во тек во Велика Британија, иако sвездата Харисон Форд (79) во моментов не е во можност да снима поради повреда на рамото што ја доби на снимањето. Харисон Форд (79) ќе ја репризира насловната улога на Хенри Волтон Индијана Џонс, професор по археологија и голем аватурист. Долгоочекуваното продолжение на мегапопуларната филмска сага беше одложено поради пандемијата на Ковид-19.


Comments