Антони минал во полиција цели пет часа, Јунајтед излезе со ново соопштение и донесе одлука за иднина
Антони минал во полиција цели пет часа, Јунајтед излезе со ново соопштение и донесе одлука за иднината на Бразилецот (Фото)
Антони вчера се врати од Бразил и мина пет часа на испрашување во полицијата во Манчестер, пред да биде пуштен на слобода со напомена дека будно ќе биде следено неговото движење.
Бразилската фудбалска ѕвезда е обвинета за физичко и сексуално насилство од поранешната партнерка и поради тоа беше привремено отстранет од репрезентацијата на Бразил и Манчестер Јунајтед, но сега клубот од „Олд Трафорд“ го враќа во тренажен процес после испитувањето кое вчера траело со часови.
Антони не бил задржан во притвор и бил пуштен да се брани со свои аргументи и докази, но пред да дојдат на ред следните испитувања и рочиштата кои ќе ги закаже судот, фудбалерот ќе може да игра за првиот тим кој го води Ерик Тен Хаг.
– Откако првпат беа изнесени наводни информации против него во месец јуни, Антони соработуваше со полициските истраги и во Бразил и во Велика Британија, и тој продолжува да го прави тоа.
– Како работодавец на Антони, Манчестер Јунајтед како клуб одлучи дека тој ќе продолжи со тренинзите во Карингтон и ќе биде достапен за селекција на менаџерот додека трае полициската истрага.
– Како клуб, ги осудуваме актите на насилство и злоупотреба. Ја препознаваме важноста да се заштитат сите оние кои се вклучени во оваа ситуација и го признаваме влијанието што овие наводи го имаат врз преживеаните од злоупотреба.

Comments