top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Антиќ отиде во посета на Женева и доби уникатен подарок од ФИБА (Фото)

Перо Антиќ минатата седмица беше официјално потврден како старо-нов претседател на македонската Кошаркарска Федерација, по што многу брзо доби покана да ја посети Женева.

Првиот човек на македонската кошарка бил во посета на меѓународната Кошаркарска Федерација и позитивно одговорил на повикот кој го добил од генералниот секретар на ФИБА, Андреас Заглис.

Антиќ присуствувал на состаноците посветени за организацијата на Европските првенства и идните планови кои ги има ФИБА, но при посетата, добил и уникатен подарок од Заглис.

Перо како легендарен член на македонската кошаркарска репрезентација стана и првиот играч од нашата земја кој настапи во НБА лигата, но сега добил потсетување на првиот меч кој го одиграл под покровителство на ФИБА.

Антиќ добил врамен записник од првиот негов меч, оној од 17 јули 1999-та година во рамките од кадетското Европско првенство кое се играше во Словенија.




1 view

Comments


bottom of page