Антиќ: Не заслуживме ваков однос од Димитријевиќ
Updated: Aug 10, 2021
09.08.2021 Avgust Ponedelnik
Ненад Димитријевиќ е тема во кошаркарската јавност, во земјава. Македонија без него ќе настапи во претквалификациите за пласман на Светското првенство во 2023 година. Димитријевиќ не се појави на подготовките и на никого не му се јавил да му ги објасни причините. Првиот човек на Федерацијата, Перо Антиќ, дека е разочаран од односот на кошаркарот кон националниот тим, но дека барем засега не размислува да покрене дисциплинската постапка. „Кажавме на стартот дека нема да одиме на суспензии, сакаме играчите самоволно да дојдат да играат за репрезентацијата. Најмногу сум разочаран од Димитријевиќ бидејќи уште кога беше мал, постојано бев зад него и го поддржував. Како личности, а и како федерација, мислам дека не заслуживме ваков однос од него. Зборувавме со ФИБА, имаме дисциплински правилни и ќе постапуваме според него. рече Антиќ. извор/ kfsm.mk
Comments