Антиќ и донесе среќа на Звезда во пресметката на неговите два омилени клуба (Фото)
Перо Антиќ е доста раздвижен во изминатите неколку дена, па откако беше на прием во Женева кај раководните структури на ФИБА, вечерва можевме да го видиме и како дел од спектаклот во Евролигата.
Црвена Звезда и Олимпијакос се поранешни два клуба кои се дел од срцето на нашиот легендарен кошаркар, кој денеска беше во „Пионир“ и го привлече вниманието на домашниот клуб.
Антиќ повремено знае да ги гледа натпреварите на неговиот омилен клуб од Балканот, а вечерва се погоди да „црвено-црните“ да играат против клубот во кој ја освои првата европска титула.
Перо во повеќе наврати има посочено дека Црвена Звезда и Олимпијакос се клубови кои имаат посебно место во неговото срце, па иако не се знае за кого навиваше, јасно е дека и донесе среќа на Звезда.
Домашниот тим победи со 87:79, а со издание како ова вечерва само потсети дека можеше и многу повеќе, односно пласман во меѓу најдобрите осум екипи во Европа.
Comments