Search
Ансамблот „Танец“ ќе одржи традиционален новогодишен концерт во МНТ
- Aleksandar Santovski
- Dec 15, 2021
- 1 min read
Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“ ќе го одржи традиционалниот новогодишен концерт кој годинава ќе се одржи во Македонскиот народен театар на 21 декември.
Во рамките на програмата ќе бидат изведени сценски постановки и кореографски творби како орото „Копачка“, „Шопска петорка“, како и „Роненка“, „Жетварка“, „Радовишки собор“, но и композиции од богатиот вокално-инструментален репертоар. Премиерно ќе биде претставена и кореографската постановка „Мијачка“ на авторите Марјан Андоновски (кореографија) и Дарко Илиевски (музичка обработка).
Ова кореографско дело се темели врз теренски истражувања на кореографот низ пределот Мала Река.
Концертот ќе биде организиран според сите важечки Ковид протоколи.

Comentários