top of page

Ансамблот „Танец“ и пријателите одржаа концерт во чест на Сариевски/ФОТОГАЛЕРИЈА

Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ – Скопје вечерва во Националната опера и балет одржа вокално-инструментален концерт во чест на 100-годишнината од раѓањето на Александар Сариевски.

Во чест на легендата на македонската музика настапија пејачите Сузана Спасовска, Наум Петрески, Благоја Грујовски, Зуица Лазова, Кирил Митоски, Далибор Ѓошиќ, Влатко Стефановски и хорот и оркестарот на „Танец“.

На репертоарот беа најголемите македонски фолклорни бисери „Абер дојде, Донке“, „Учи ме мајко, карај ме“, „Филизој моме“, „Нарочува бело Менде, порочува“, „Зајди, зајди јасно сонце“, „Саноќ ми булбул пропеа“, „Сулејман седит на кула“, „Те кажувает, бре, Илиној моме“, „Нит прела гора, нит ткала“, „Ор, невесто, Стојанице“, „Седна баба да вечера една еребица„, „Дејгиди, луди, млади години“, „Сношти го видов убавото Стојне“ и многу други.

Александар Сариевски е и еден од основачите на ансамблот „Танец“, дел од неговата прва генерација и знаменит тапанџија на „Тешкото“.















 
 
 

コメント


bottom of page