Анри подбра двајца играчи на Барса: Скапо се плаќаат такви грешки во ЛШ
17.04.2024 April Sreda
Барселона пропушти убава предност во четвртфиналето против ПСЖ и не ја искористи шансата која ја имаше за пласман меѓу четирите најдобри тима во Европа, а во правењето анализа за чудниот меч на „Монжуик“, Тјери Анри подбра двајца играчи на каталонскиот гигант.
Иако Чави беше огорчен од критериумот на Иштван Ковач, Анри смета дека Араухо изреагирал невнимателно и не му дал премногу избор на романскиот арбитар, но критички беше настроен и кон Жоао Кансело кој направи непотребен пенал над Дембеле.
– Араухо не требаше да се фрли кон противникот и да му ја олесни работата на судијата. Практично со тој потег тој ја донесе одлуката за судијата. Дефанзивците обично знаат дали ќе стигнат навреме, или нема да стигнат.
– Требаше да го остави и да се надева дека голманот ќе одбрани со Баркола. Со тоа што го направи, Араухо му дозволи на судијата да ја има цела контрола врз одлуката, – порача Анри, кој го подбра и Кансело.
– Кога Кансело ќе го погледне овој момент од забавена снимка, ќе се запраша зошто вооппшто стартуваше. Ќе разберев да стартува ако Дембеле беше прерд голот, но тој беше во самиот агол од шеснаесетникот. Дури и да не беше досудено веднаш од судијата, ќе реагираше ВАР. Требаше само да остане блиску до Дембеле и воопшто да не прави ништо. Лигата на шампионите е извонредно натпреварување, но често знае да предизвика и нервоза кај играчите. Тоа го видов кај Араухо и Кансело, во Лигата на шампионите скапо се плаќаат такви грешки, – изјави Анри.
Comments