Search
Анри му фати сеир на Тотенхем додека го коментираше фантастичниот гол на Спортинг (Видео)
- Aleksandar Santovski
- Sep 14, 2022
- 1 min read
Тотенхем не може да повтори идентични изданија во Европа како оние во Премиер лигата, а доказ за тоа добивме и на вчерашниот меч против Спортинг Лисабон.
Англискиот премиерлигаш влезе како благ фаворит на гостувањето, но прими два гола во 90-та и 93-та минута и на крајот загуби со 2:0 .
Антонио Конте сигурно ќе прави длабока анализа на невниманијата во одбраната во завршните минути, но од друга страна, поразот на Тотенхем ги израдува фановите на најголемиот ривал.
Навивачите на Арсенал на големо ја споделуваат реакцијата на Тјери Анри, односно неговиот коментар како стручен аналитичар на „Си-Би-Ес“.
– Дриблинг, топка меѓу нозе – се гледаме подоцна. Повторно топката низ нозе – се гледаме подоцна. 2:0 – чао!, – порача Анри.

Comments