Анри му симна капа на Мбапе за последниот блесок: Сее страв, покажа кој е газда на теренот
Тјери Анри веќе неколку години е еден од најголемите фанови на Килијан Мбапе, а вчера имаше можност во живо повторно да ужива во мајсториите на својот сонародник.
Во дербито на сезоната во Франција, Мбапе и Меси ја направија главната разлика на „Велодром“ и ги разочараа навивачите на Марсеј кои влегоа со голем ентузијазам на стадионот.
ПСЖ победи со 0:3 и јасно стави до знаење дека сериозно чекори кон нова титула во Лига 1, бидејќи разликата сега изнесува осум бода меѓу првите два тима на табелата.
Мбапе постигна два гола и запиша една асистенција до Меси на овој натпревар, на кој успеа да го израмни и рекордот на Единсон Кавани како најдобар голгетер во историјата на ПСЖ (200 погодоци).
– Кога е вака инспириран и расположен, едноставно нема решение за него. Тој не играше на претходниот меч со Марсеј во Купот и не загуби од нив. Се гледа дека беше мотивиран да покаже кој е кој. Покажа дека тој е газда на теренот. Навистина сее страв на теренот со вакви изданија. Кога Килијан е на теренот, се се менува за ПСЖ, – изјави Анри.
Comments