top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Анри за ѕвездата на Сити која се поврзува со трансфер во Арсенал: Знае да намириса опасност

Габриел Жесус одговори на најдобар можен начин на шпекулациите кои се појавија во јавноста за негово заминување од Манчестер Сити, такашто постигна четири гола против Вотфорд и еден против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Бразилецот има големи шанси да си замине од „Итихад“ доколку пристигне нов звучен напаѓач во Манчестер Сити, а како најсериозна опција за него се споменува Арсенал, тим кој е воден од поранешниот помошник на Пеп Гвардиола, Микел Артета.

Многумина прогнозираат дека Жесус едноставно би експлодирал на „Емирејтс“, а зелено светло за ваква операција дава и легендарниот Тјери Анри.

– Габриел нуди многу нешта во офанзивен план за секој тим. Видовме дека постигна четири гола против Вотфорд минатиот викенд, тој е единствениот во овој тим на Сити кој има инстинкт на „деветка“. Единствен по заминувањето на Кун Агуеро.

– Тој го има тоа што треба да го има еден напаѓач, знае да наимириса опасност, ко има мирисот што треба да го има една „деветка“. Кај него е добро што знае да одговори и на левата и десната страна, а исто така нема проблем да се врати назад и да му помогне на тимот, – порачува Анри.


1 view

Comments


bottom of page