top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Анри е подготвен да биде селектор: Ги знам играчите, ја познавам лигата…

Тјери Анри е подготвен да се впушти во нов тренерски предизвик, па дури и да отиде чекор повисоко и да биде селектор во државата во која мина дел од кариерата.

Имено францускиот ас отворено призна дека би прифатил да биде селектор на селектор на Соединетите Американски Држави, селекција која во моментов нема предводник откако му истече договорт на Грег Берхалтер.

-Дали би го ставил моето име во шеширот? Прво и најважно, тоа е незгодно да се зборува. Роберто Мартинез отиде да биде селектор на Португалија и јас не одам со него. Да се биде број два не е повеќе нешто што би сакал да го сторам. Голема почит кон шефот, тој ми даде можност кога никој друг не го стори тоа. Би сакал повторно да бидам тренер, -рече Анри кој порача дека добро ги познава американски играчи и лигата.

-Дали ги познавам [американските] играчи? Да, ги познавам играчите. Дали ја познавам лигата? Да, ја знам лигата. Тоа е различна топка за да рака зборуваме, ама дали би сакал да бидам менаџер на кое било ниво? Да, се разбира, тоа е нешто што би сакал да го сторам. Но, да се вратиме во репрезентацијата на САД и на САД воопшто, кој е планот? Која е филозофијата? Што сакаш да биде, -истакна Тјери кој како главен тренер имаше лоши епизоди во Монако и Монтреал.


1 view

Comments


bottom of page