Анри го детектираше главниот проблем на Арсенал во шампионската трка со Сити
Арсенал подзастана во одлучувачки момент од сезоната и двете реми средби со Ливерпул и Вест Хем ја разжестија битката за титулата, која сега ни нуди ситуација да гледаме можеби и клучен меч за трофејот на „Итихад“.
Манчестер Сити ќе го пречека Арсенал на домашен терен наредната среда и за многумина тоа ќе биде решавачки дуел за трофејот, а пред истиот, Тјери Анри го детектираше главниот проблем со кој се соочува тимот на Микел Артета на последните неколку меча.
Легендарниот Французин воочил дека Арсенал игра преемотивно и со многу нервоза во последно време, што дефинитивно е резултат на притисокот кој го прави самата битка за престижната титула.
– Не знам кога последен пат сме го победиле Манчестер Сити во лигата и сигурно нема да биде лесно. Од самиот старт на сезоната, постојано велам дека најважно е тимот да се носи со емоциите. Титула не се освојува ако сте преемотивни, жалам што го велам тоа, но така е.
– Може да освоите куп натпреварување со емоции, но не и првенство со 38 кола. Арсенал е премногу емотивен во последно време и тоа се покажува како проблем. Има голема разлика меѓу страст и емоција. Не смеете да станете преемотивни, мора да останете мирни во битката за титулата. Се уште имаме предност пред Сити, сега мора да ја искорениме емотивноста и да се фокусираме на играта. Манчестер Сити мора да ги победи своите натпревари и да победи против нас. Се уште сме во пол-позиција, но мора да ја отфрлиме емотивноста на теренот. Последните натпревари на Арсенал носеа подеми и падови и немаа доволно контрола. Ако бев дел од оваа соблекувална, ќе им го кажев следното: Ова е моментот, мора ова да биде нашиот момент. Ќе биде неверојатно ако успееме во тоа, – вели Анри за „Си-Би-Ес“.
Comments