Анет Бенинг и Ворен Бити – една од најдолговечните двојки во Холивуд
Познато е дека браковите на славните ретко траат долго. Тие често завршуваат на суд, се караат за нивните деца, за наследството… Слично предвидување имаше и за бракот на холивудските ѕвезди, глумците Анет Бенинг и Ворен Бити, но тие докажаа дека нивната љубов била и останува вистинска.
Ворен и Анет се запознале на снимањето на филмот „Багзи“, во 1992 година, и набргу потоа започнале љубовна врска, која никој не ја сфатил сериозно. Според очевидци, режисерот на филмот само се насмеал кога Ворен му се доверил и рекол: „Сакам да се оженам со неа“.
Многумина мислеа дека Ворен не е за неа, бидејќи е 21 година постар, но очигледно тоа не било пречка за нивната љубов.
Ворен, кој се прослави со филмот „Сјај во тревата“, важеше за еден од најголемите холивудски заводници. Еден биограф проценува дека спиел со 12.775 жени пред да ја запознае Анет, вклучувајќи ги: Мадона, Џоан Колинс, Натали Вуд, Брижит Бардо, Феј Данавеј, Анџелика Хјустон, Елизабет Тејлор, Дајан Китон, Џејн Фонда, Кендис Берген, Енџи Дикинсон и многу други.
Но тогаш се појави Анет и сите жени на овој свет престанаа да постојат за него.
– Ако сум направил грешки во односите со жените, тоа е само затоа што сум бил зависен од љубов. Кога работите не функционираа во една врска, веднаш започнував друга, бидејќи мислев дека претходната е грешка и најдобро е да си заминам. Не бев во брак пред Анет, зашто не бев подготвен за тоа. Таа ме промени суштински – изјави Ворен во една пригода.
Анет го привлекла бидејќи била нормална и поинаква од холивудските старлети со кои се забавувал претходно.
– Ми требаа десет минути да се заљубам во неа – изјавил тој.
Ворен и Анет се венчале на тајна церемонија во март 1992 година, кога било родено нивното прво дете, Кетлин. Подоцна тие добија уште три деца.
Меѓутоа, веќе десет години, наместо три ќерки и еден син, Ворен и Анет сега имаат два сина и две ќерки, бидејќи најстарата ќерка Кејтлин решила да го промени полот и да стане Стивен.
Бидејќи децата сега се пораснати и не живеат со нив, Анет и Ворен се соочуваат со „синдром на празно гнездо“, но решаваат да пристапат конструктивно и да го направат она што не успеале да го направат кога грижата за децата им била на прво место. Така, по долга пауза, Анет реши да ѝ се врати на првата љубов – театарот.
Comments