top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Андријана Јаневска промовираше книга!

29.07.2024 juli Ponedelnik

објавата е од 02.07.2024 Juli Vtornik од https://fokus.mk/

Поп пејачката, прва виолина во МОБ и професор Андријана Јаневска ја промовираше својата прва книга со наслов: “Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора”. Промоцијата се случи синоќа во Музејот на Стерјо Спасе во с. Глобочени, Мала Преспа, во рамки на Македонско културно лето, а промотор на книгата беше проф. д-р Родна Величковска.

Јаневска јавно се заблагодари на организаторите на настанот, на промоторката Величковска, но и на пејачите и информаторите без чија помош немало да биде возможно издавањето на трудот.

-Народното творештво претставува еден од најзначајните сегменти во севкупниот материјално-духовен идентитет на македонскиот народ. Истражувањата покажаа дека чувството за: јазикот, припадноста и идентитетот никогаш не ги напуштило Македонците од овие региони.

Во текот на моите теренски истражувања, но и во многу книги сретнав записи и кажувања како македонскиот фолклор сакаат да го прикажат како туѓ. Македонскиот народ, кој живее во овие три региони, токму преку традиционалните македонски песни, во разни варијанти, е поврзан како еден единствен народ, кој за жал, во минатото бил разделен- истакна Јаневска.

На промоцијата на книгата беше присутен и новиот министер за култура, актерот Зоран Љутков.

Вики Клинчарова

Мојата прва книга од денес е во продажба во сите книжарници на Просветно дело низ цела Македонија, а можете да ја нарачате и онлајн на: https://www.prosvetnodelo.com.mk

Ви благодарам!


2 views

Comments


bottom of page