АНДРИЈАНА ЈАНЕВСКА ПОТПИША ДОГОВОР СО WARNER BROS. И РАБОТЕШЕ НА САУНДТРАК ЗА „MORTAL KOMBAT 1“
14.01.2025 Januari Vtornik
Македонската пејачка Андријана Јаневска го постигна својот најголем успех досега на меѓународната сцена, потпишувајќи договор со светскиот гигант Warner Bros. Јаневска соработуваше како вокален изведувач на саундтракот за популарната видеоигра Mortal Kombat 1, што претставува значајна пресвртница во нејзината кариера.
„Ми претставува огромна чест што имав можност да работам на ваков врвен проект. Потпишав договор со Warner Bros. и со нетрпение чекам публиката да го слушне мојот придонес за Mortal Kombat 1,“ изјави Јаневска на социјалните мрежи.
Warner Bros., основана во 1923 година, е една од најголемите и највлијателните компании во филмската индустрија, препознатлива по своите оддели за филмови, анимација, телевизија и видеоигри. Оваа соработка отвора нови можности за Јаневска и истовремено претставува значајна промоција на македонската музичка сцена пред светската публика.


Commentaires