top of page

Андреева без загубен сет до престижниот трофеј на ВТА финалниот турнир

2 days ago
1 min read

16.11.2026 Noemvri Ponedelnik

Мира Андреева триумфираше против Елена Свитолина во финалето на ВТА финалниот турнир и успеа да го освои престижниот трофеј без загубен сет на пет одиграни меча.

Русинката издоминира во Индијан Велс на сите дуели, а вечерва ја победи големата ривалка со резултат 7:5/6:3 за помалку од два часа игра.

Андреева е најмлада тенисерка која победила на завршниот турнир уште од Марија Шарапова во 2004 година, додека овој турнир без загубен сет на првиот настап го имаат освоено уште само Крис Еверт и Серена Вилијамс.

Победничката го отвори овој турнир со триумф над истата ривалка во првото коло, а потоа ги совлада и Сабаленка, Шнајдер и Пегула за да дојде до шанса да се бори за престижниот трофеј.

Со победата во Индијан Велс, руската тенисерка си го обезбеди и второто место на ВТА ранкингот на крајот на сезоната.


 
 
 

Comments


bottom of page