Search
Андреа Коевска за само една позиција не се пласирала во финалето на Евровизија
16.05.2022 Maj Ponedelnik
Македонската претставничка на Евровизија, Андреа Коевска која во втората полуфинална вечер настапи со песната „Circles“ го освоила 11-тото место, покажуваат податоците од гласањето. Во финалето се пласираа 10 земји со најголем број на гласови, со што македонската претставничка не успеа да се квалификува за само една позиција. Според податоците, таа освоила 76 поени, од кои 56 од жири комисијата и 20 од телефонското гласање на публиката. Вчера во Торино, Италија се одржа финалето на музичкиот натпревар, пришто победи Украина со песната „Стефанија“. Во финалната вечер учествуваа 25 држави.
Комментарии