top of page

Андоноски: Имаме план кој што треба да ни донесе успех

Македонската репрезентација се подготвува за новиот предизвик, а дел од селекцијата е и членот на МЗТ Скопје, Андреј Андоноски.

Андоноски е дел од новата генерација кои заедно со заедно со Марко Миловановиќ, Петар Бошалески и Теодор Симиќ треба да донесет свежина, нова крв.

-Добиваме шанса за да се покажеме и во сениорскиот тим. Во оваа екипа има, како искусни, така и млади играчи кои што сме желни да се покажеме. И дека доколку добиеме шанса, можеме да направиме успех.

-Повеќето од нас добро се знаеме. Имаме играно и во некои претходни циклуси од прет-квалификациите. И дека овој период е доволен за да се соединиме. Имаме и некој нов план кој што треба да ни донесе успех, -вели Андоноски.

Нашата селекција овој викенд ќе одигра две пријателски средби против Полска во Белград, контроли кои ќе ни покажат до каде сме пред претквалификациите за Олимписките Игри.


 
 
 

Comments


bottom of page