top of page
Search

Андоновски: Немаме што да загубиме, одиме да се надигруваме со Вардар

16.02.2024 Februari Petok

Екипата на Тинекс Пролет вечерва му гостува на Вардар 1961 во рамките на второто коло од плејофот во Суперлигата.

Пролет загуби во првата рунда од Алкалоид со 22:17, а сега има нов тежок предизвик против „црвено-црните“ кои имаат највисоки амбици во актуелнава сезона, тим од кого веќе двапати загубија во првата фаза во шампионатот.

Сепак избраниците на Александар Јовиќ не се предавдаат предвреме и ќе пробаат да се надигруваат со фаворитот.

-Знаеме каков противник имаме против себе, тоа е квалитетна екипа што ќе биде дополнително мотивирана по поразот во Битола. Нашата цел е јасна, да излеземе на терен и да одиграме најдобро што знаеме, па да видиме за каков резултат тоа ќе биде доволно. Немаме што да загубиме, одиме да се надигруваме со Вардар. Начинот на кој го одигравме првото полувреме против Алкалоид е она кон што треба да се стремиме, секако во уште подолга фаза и против Вардар, но и на наредните натпревари. Напредокот во одбраната е очигледен, очекувам да ја кренеме и играта во напад во периодот што е пред нас, -порача капитенот Ласко Андоновски за официјалната веб страна на клубот.


3 views
bottom of page