top of page
Search

Англија повторно покажа слабости и не ја победи Данска (ВИДЕО)

20.06.2024 juni Cetvrtok

Селекцијата на Англија за многумина беше еден од топ фаворитите за титулата на Европското првенство, но засега избраниците на Саутгејт не блескаат иако по две одиграни кола собраа четири бода.

Во првата рунда обезбедија мининален триумф над Србија, додека пак вечерва ремизираа во Данска во средба која лесно можеа и да загубат.

Дуелот во Франкфурт заврши без победник 1-1 и „гордиот албион“ е во пол позиција за пласман во наредната фаза со оглед на тоа што во завршната рунда играат со Словенија.

Англичаните први го отворија резултатот преку Кејн во 18 минута, водство кое беше активно до 34 кога Хјулманд со мајсторија го израмни резултатот кој на крајот се покажа како конечен.



0 views

Comentários


bottom of page