Англичаните ја објавија ВАР комуникацијата за контроверзниот гол на Њукасл
Микел Артета реагираше жестоко по поразот на Арсенал од Њукасл со голот на Арон Гордон, а причина беше начинот на кој црно-белите реализираа, односно акцијата во која според „топчиите“ имаше прекршок над Габриел.
Како што и најави, Англиската судиска комисија вечерва ја објави целосната аудио конверзација меѓу главниот судија и ВАР собата, со што станува јасно како се движеле проценките и како се носеле одлуките од страна на судиите.
ВАР собата имаше неколку комплицирани ситуации во истата акција, но сите беа расчистени во корист на Њукасл, односно немаше докази дека топката го напуштила теренот целосно, подоцна немаше офсајд, а според судиите ниту јасен прекршок на Жоелинтон над Габриел.
– Не гледам посебен прекршок над Габриел. Гледам две раце на неговиот грб, но не гледам туркање поради кое би полетал на таков начин, – е заклучокот во ВАР собата.
Comments