top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Англичаните не простуваат: Тони доби осум месечна суспензија поради обложување!

Ајван Тони е еден од најдобрите голгетери во Премиер лигата во оваа сезона, но крајот на истата носи катастрофални вести за него поради казната која ФА му ја додели за кршење на правилникот за обложување.

Ѕвездата на Брентфорд дури 232 пати ги прекршил правилата за обложување во периодот од 2017 и 2021, па поради ова заработи суспензија од осум месеци, плус ќе мора да плати и 50.000 фунти.

Обложувањето е забрането за сите играчи, менаџери, персонал, директорите и агентите, па токму поради ова напаѓачот е санкционират и тоа откако самиот тој ја признал вината.

Со ова е завршена оваа календарска година за третиот стрелец во ПЛ, односно тој ќе може да се врати дури во јануари 2024 година. Тони воедно до 17 септември нема да може да тренира со соиграчите од Брентфорд.

Тој е под договор со премиерлигашот до 2025 година.


1 view

Comments


bottom of page