top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Англичаните гледаат и најмали детали: Капитенот Вокер прекрши непишано правило

Репрезентацијата на Англија ремизира на гостувањето во Скопје со Македонија (1-1), на крајот на циклусот квалификации за Европското првенство. Иако веќе беа пласирани и со обезбедено прво место, фудбалерите беа мета на критики поради својата лабава игра.

Дека со англиските медиуми нема шега најдобро потврди и неверојатната бројка новинари кои беа присутни на „неважен“ натпревар против Македонија. Британците се познати по својата „новинарска машинерија“, па за нив е важен и секој најмал детаљ.

Тие му „замерија“ на капитенот Кајл Вокер (кој го менуваше Хари Кејн), дека прекршил едно непишано правило. Имено, познато е дека капитенот на секоја селекција го носи знамето кое го разменува со противничкиот лидер. Вокер за време на тимската фотографија, наместо да го држи знамето самиот, како што тоа го прави Кејн, му го подаде на дебитантот Рико Луис. Медиумите не пропуштија да ја посочат „грешката“ на Вокер.


0 views

Comments


bottom of page