top of page

Англиски репрезентативец ќе одговара пред судот за физичко насилство

07.08.2026 Avgust Petok

Ајван Тони беше дел од англиската репрезентација на последното светско првенство, доби шанса само на завршните натпревари и битката за третото место, а англиските медиуми сега објавија дека повторно има проблеми со законот.

Фудбалерот кој мораше да направи пауза во фудбалската кариера откако доби суспензија поради нелегално обложување, сега ќе се појави пред судија за да одговара за физички напад и насилство.

Актуелниот напаѓач на Ал Ахли го направил делото во декември 2025 година, а судскиот процес започнува на 24. септември, два дена пред следниот натпревар на Англија во Лигата на нации.

Засега нема повеќе детали за жртвата и степенот на повреди кои ги заработила од физичкиот напад од страна на фудбалската ѕвезда, но познато е дека инцидентот се случил во ноќен клуб во Лондон.

Тони настапува во првенството на Саудиска Арабија од 2024 година, кога реализираше трансфер во Ал Ахли од редовите на Брентфорд.


 
 
 

Comments


bottom of page