Ангеловски: Честитки, повторно ја направивте Македонија горда!
Updated: Nov 16, 2021
14.11.2021 Noemvri Nedela
Милевски и Ангеловски перфектно ги ја подаваат палката и ја водат Македонија до историски успеси. Најнапред првпат игравме завршен турнир во 2017 година на У21 Европското првенство во Полска со Благоја Милевски на клупата. Следеше потврда на фудбалскиот раст на најголемата сцена и пласман на Европско првенство во сениорска конкуренција со Игор Ангеловски како предводник.
На негово место среде квалификации дојде Милевски и го оствари до пред некое време незамисливото - пласман во баражот за Светското првенство во Катар. Ангеловски на социјалните мрежи им честита на фудбалерите и стручниот штаб.
„Честитки за пласманот во баражот. Повторно ја направивте Македонија горда!“, напиша Ангеловски на Инстаграм.
Со вака талентирани млади тренери Македонија оствари сè што сонуваше во минатото, кога често посегнуваше и во странски стручњаци на клупата.
コメント