top of page

Ангеловски добро се сеќава на последното гостување во Италија: Покажавте што знаете во Торино

Игор Ангеловски беше предводникот на македонската репрезентација која оствари историски пласман на Европското првенство, а иако сега веќе не е селектор, популарниот Мрме и натаму останува огромен фан на националниот тим.

Составот предводен од Благоја Милевски вечерва ќе гостува на „Ренцо Барбера“ и ќе се обиде да направи огромно изненадување против европскиот шампион Италија, натпревар кој има значење на бараж полуфинале за Светското првенство.

Италијанците се големи фаворити, но не толку далечната историја ни покажа дека Македонија може да игра рамо до рамо со „аѕурите“, па во 2017-та година ремизиравме во Торино со 1:1, а една година претходно, несреќно загубивме на домашен терен со 2:3.

– Пред вечерашниот натпревар со Италија четирикратен светски и актуелен европски шампион. Сакам да ви посакам среќа за уште еден успех.

– Влогот е голем и за Македонија и за Италија. Покажавте во Торино пред многу години дека го можете тоа. Навиваме за Македонија, – порача Мрме на социјалните мрежи.


 
 
 

Comments


bottom of page