top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Анакон посочи кој е најголема опасност за Ѓоковиќ на Вимблдон: Најдобар играч…

Се поблиску сме до третиот календарски грен слем кој ќе се одржи во Лондон, поточно ќе гледаме битки за освојување на престижниот Вимблдон.

Новак Ѓоковиќ дефинитивно ќе ја има улогата на фаворит и навистина е прашање кој може да го загрози, да му се спротистави во три сета.

Поранешниот американски тенисер и стратег, Пол Анакон се обиде да даде одговор на ова прашање, па според него амо некој може да му се прибложи на Србинот-тоа е младиот и експлозивен Карлос Алкарас.

-Прашањето е дали некој може да го „симне“ Новак? Тоа е прашањето. Многу ќе зависи од ждрепката и типот на натпреварите.

-Сè уште мислам дека најдобриот играч кој може да го елиминира Новак е момчето по име Карлитос Алкарас. Само затоа што може да ве повреди на различни начини. Има многу луѓе на трева кои имаат шанса. Но, да се направи тоа во меч од три сета на грен слем е многу тешко. Мислам дека Алкарас има најголеми шанси да го елиминира Новак, -порача Американецот.


1 view

Comments


bottom of page