Ана Стојаноска е нова претседателка на МТФ „Војдан Чернодрински“
На денешното собрание на МТФ „Војдан Чернодрински“ д-р Ана Стојаноска, театролог, професор, е избрана за нова претседателка на Фестивалот. Изборот доаѓа откако собранието на МТФ „Војдан Чернодрински“ констатира дека е изминат мандатот на досегашната претседателка Катерина Коцевска Хаџавасилева. Стојаноска изјави дека му благодари на собранието на фестивалот за тоа што ја избраа.
– Се надевам дека ќе имаме одлична соработка со сите театри. Главниот мој фикус ќе биде создавање на фестивал според современите страндарди, фокусиран на домашната драма и новиот театар. Со сериозен концепт и можност да се види каков театар создаваме денес, со програми што ќе го „оживеат“ театарскиот сјај и со грижа за театарското наследство – изјави Стојаноска, по нејзиниот избор.
МТФ „Војдан Чернодрински“ по 57-ми пат ќе се одржи на почетокот на јуни следната година во Прилеп. Ка.М.
コメント