top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ана де Армас ќе глуми во претстојниот филм на Рон Хауард

Ана де Армас ѝ се придружи на актерската екипа на трилерот за преживување „Потекло на видовите“ (Origin of Species) во режија на Рон Хауард.

35-годишната актерка, која претходно ја портретира Палома во најновиот филм за Џејмс Бонд, „Не e време за умирање“, треба да глуми заедно со Џад Лоу, Алиша Викендер и Даниел Брал, според „Дедлајн“.

Филмот е најавен како „приказна за убиство и опстанок, сместена околу група еклектични ликови, кои ја напуштаат цивилизацијата и одат на Галапагос. Сите тие го бараат одговорот на тоа постојано прашање што нè мачи сите нас: кое е значењето на животот“.

Снимањето треба да почне во Квинсленд, Австралија, подоцна оваа година. Сценариото го пишува Ноа Пинк, кој претходно го напиша сценариото за „Тетрис“ за „Епл ТВ“.

Минатата година Ана ја портретира Мерилин Монро во драмата „Русокоса“ (Blonde).




0 views

Comments


bottom of page