top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски ќе пеат за Македонија на „Јуниорски евросонг 2024“

27.06.2024 Juni Cetvrtok

Македонската радио-телевизија по одржаната аудиција ги избра Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски за македонски претставници на годинашниот „Јуниорски евросонг“, што ќе се одржи на 16 номеври во Мадрид, Шпанија.

Ана Ванчевска, родена на 3 мај 2010 година во Битола, е талентирана млада пејачка, која веќе се прослави со учество и освоени први места на голем број музички фестивали. Нејзиниот моќен глас и неверојатни изведби ја воодушевуваат публиката и судиите, прикажувајќи ветувачка иднина во музичката индустрија. Посветеноста и природниот талент на Ана ја прават извонреден изведувач и инспиративен млад уметник.

Таа годинава беше избрана за единствена претставничка на Македонија на престижниот меѓународен фестивал „Сан Ремо јуниор“ во Италија.Покрај музичкиот успех, Ана е посветен ученик и добитник на бројни државни награди по математика, физика и француски јазик и е вклучена во реализација на многу проекти.

Алексеј Ивановски, роден на 7 декември 2011 година во Битола, е талентиран млад пејач, кој учествувал и победил на бројни музички фестивали. Неговиот волшебен глас и импресивно сценско присуство го издвојуваат, правејќи го истакнат изведувач со светла иднина во музичката индустрија.

Алексеј е активен на бројни општински, регионални и државни натпревари по предметите математика, англиски и француски јазик, од каде има освоено голем број први места. Сака да плива, да шета во природа и да се дружи. Тој многу ги сака животните и дел од своето време посветува на грижата за нив.

Ана и Алексеј со својот извонреден талент и хармонични гласови го привлекуваат вниманието на љубителите на музиката насекаде. И покрај нивната возраст, имаат неверојатни гласовни способности, кои никого не оставаат рамнодушен.


0 views

Commentaires


bottom of page