Search
Американците најтрофејна нација во Токио
Соединетите Американски Држави (САД) се најтрофејната нација на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио, откако во последниот натпреварувачки ден ја претркаа Кина за еден златен медал. Пресвртот го направија американските одбојкарки, кои во финалето ги совладаа Бразилките, со 3-0 во сетови. Претходно женската кошаркарска репрезентација на САД ја победи Јапонија во финалето, додавајќи уште еден златен медал на американското конто, а со злато на градите заврши и американската велосипедистка Џенифер Валент.
Comments