Американците ги предупредија навивачите на Мундијалот да внимаваат на смртоносна дрога
- Aleksandar Santovski
- 3 days ago
- 1 min read
12.06.2026 juni petok
Американските власти испратија сериозно предупредување до навивачите кои пристигнуваат на Светското првенство во САД, нагласувајќи дека употребата на рекреативни дроги може да ги изложи на голем ризик по животот поради присуството на фентанил исклучително силен синтетички опиоид.
Френк Тарентино, претставник на американската Агенција за борба против дрога, изјави дека фентанил денес е присутен во голем дел од дрогите што се запленуваат на територијата на САД.„Луѓето мора да бидат свесни дека дрогата што се продава на улица или преку интернет може да биде смртоносна, бидејќи многу често содржи синтетички опиоиди“, предупреди Тарентино.
Според анализите на лабораториите на агенцијата, дури 29 проценти од испитаните таблети содржеле количина на фентанил доволна да предизвика смртен исход.
Податоците на американскиот Центар за контрола и превенција на болести покажуваат дека бројот на смртни случаи од предозирање со години растел, достигнувајќи врв во 2022 година кога биле регистрирани околу 108.000 починати лица. Од нив, 73.000 случаи биле поврзани со синтетички опиоиди.
Во следните години е забележано намалување на бројките, па во 2024 година биле евидентирани околу 80.000 смртни случаи од предозирање, од кои 48.000 биле последица на употреба на синтетички опиоиди.
Американската агенција предупредува и на сè поголемата појава на нови синтетички супстанции кои се уште посилни од фентанил. Во нелегалните дроги и лекови сè почесто се откриваат и ветеринарни седативи, како и супстанции од групата бензодиазепини, што дополнително го зголемува ризикот за корисниците.






Comments