Search
Американски борач му го украде златото на Грузиец во последните десет секунди (Видео)
- Aleksandar Santovski
- Aug 6, 2021
- 1 min read
Американскиот борач Гејбл Стивесон го освои златниот медал во борење слободен стил во категоријата до 125 килограми и тоа го направи на ретко возбудлив начин.
Иако Стивесон имаше негатива од три поени на десет секунди до крајот, успеа да му го украде златото на Грузиецот Гено Петриашвили.
Петриашвили водеше со 8:5, но во последните десет секунди не само што не успеа да тактизира и да ја задржи предноста, му дозволи на Стивесон да направи два зафата за поени со кои направи пресврт.
На крајот, Американецот славеше со 10:8, а грузискиот ривал ќе жали за ваквиот финиш до крајот на животот.

Comentários