top of page

Амброзио, Клум и Куркова на свечен настан на екомода


25.03.2022 Mart Petok

Некои од најголемите модни имиња се собраа да ја прослават екомодата на свечената церемонија Модни награди на зелениот тепих (Green Carpet Fashion Awards) во четвртокот.

Долгоногите ветеранки на модните писти, Алесандра Амброзио (40), Хајди Клум (48) и Каролина Куркова (38) беа меѓу познатите личности на настанот што се одржа во бунгаловите „Сан Висенте“.

Други присутни од светот на модата беа и Петра Немцова, Бенџамин Ларече, Амбер Валета, Клер Холт и Томас Раџи.

Екомодата е дел од модната индустрија, која при производството на својата облека се обидува да го минимизира влијанието врз животната средина.



 
 
 

Comments


bottom of page