Амбер Херд се надева дека таа и Џони Деп, конечно, ќе тргнат по свој пат
Updated: Apr 12, 2022
11.04.2022 April Ponedelnik
Амбер Херд се надева дека таа и Џони Деп може да продолжат понатаму, секој по својот пат, по завршувањето на судскиот спор за клевета. Поранешниот сопруг Деп ја тужи 35-годишната актерка за клевета и бара отштета од 50 милиони долари. Имено, во текстот што таа го напиша за весникот „Вашингтон пост“ себеси се опишува како жртва на семејно насилство. Амбер не го именува Џони во написот и поднесе контратужба за 100 милиони долари. Судскиот процес треба да почне денес (11 април) во Вирџинија. Најавувајќи го претстојното судење на социјалните мрежи, актерката од „Аквамен“ напиша: „Нема да бидам достапна следните неколку недели“. „Како што можеби знаете, заминувам за Вирџинија, каде што ќе се соочам со мојот поранешен сопруг Џони Деп на суд. „Џони ме тужи за авторски текст што го напишав за ‘Вашингтон пост’, во кој го раскажав моето искуство со семејното насилство“. Амбер, која беше во брак со ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ од 2015 до 2017 година, напиша: „Никогаш не го именував, туку пишував за цената што жените ја плаќаат ако проговорат јавно против луѓе со големо влјание. Продолжувам да ја плаќам таа цена, но се надевам кога ќе заврши овој случај, ќе можам да продолжам понатаму и Џони исто така“.
Comments